Навивачката група „Комити“ упати сериозни обвинувања кон Ракометниот клуб Пелистер и Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, тврдејќи дека нивни членови биле физички нападнати пред и за време на вчерашното дерби од македонското ракометно првенство.
На натпреварот, кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, гостуваше тимот на Вардар, а стотина приврзаници на „црвено-црните“ од Скопје пристигнаа во градот за да го поддржат својот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Комити“, непосредно пред влезот во салата, тие биле физички нападнати од страна на домашното обезбедување, а инцидентот резултирал со неколку повредени лица.