Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалскиот клуб Шкупи. Туран е човек многу близок до новиот претседател Јасин Коњали, а истиот има целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната 2024/25.
Десна рака ќе му биде спортскиот директор Ндерим Неџипи, име познато на спортското мислење во земјава и пошироко, а особено за клубот ФК Шкупи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Ајкут Туран, кој по потекло е од Косово, ФК Шкупи ќе биде неговиот прв клуб кој работи надвор од Турција, каде што претходно соработуваше со клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор, каде што работеше со млади фудбалери, помагајќи им во градењето нивната фудбалска кариера.
Дипломираше на Универзитетот во Маниса „Челал Бајар“, на Факултетот за физичка култура, гранка, спортски менаџмент. Негова нова задача ќе биде раководството на клубот ФК Шкупи и младите таленти на клубот.
Во оваа прилика, по неговото излагање, тој накратко изјави дека отсега европските врати за младите играчи во Македонија ќе се отвораат токму преку ФК Шкупи.