Дома Фудбал Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изостануваат победите, каков што беше случај вечерва. Во дуел со шест голови освоија бод против Рајо Ваљекано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само што започна натпреварот, Рајо поведе. Во 4. минута, Унаи Лопез скокна и со глава ја вметна топката во мрежата на Тибо Куртоа. Арда Гулер во 34. минута не искористи добра шанса за гостите, а само две минути подоцна нов студен туш за Мадрид. Иси Палазон изведе корнер, Абдул Мумин скокна и со глава постигна гол.

Реал брзо се враќа. Во 39. минута, гол постигна Федерико Валверде, а асистенцијата му ја даде денес одличниот Гулер.

Добро започна за гостите, Арда Гулер постигнува гол, но е фатен во офсајд па е поништен. Во 56. минута Гулер бележи нова асистенција, овој пат за Родриго, а Бразилецот прецизно шутна за 3:2.

И покрај големиот пресврт Реал, останува без победа. Во 64. минута Иси Палазон донесува радост на домашните навивачи и фудбалери и Рајо освојува вреден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ: Не беше пенал, не беше офсајд, ВАР постојано е против нас!

Фудбалската репрезентација на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското прве…