Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕвездата на Борнмут, Милош Керкез.
Керкез се промовираше во еден од најдобрите бекови во Премиер лигата и неговата цена драстично порасна оваа сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Аморим сака да состави тим по своја мерка, а како приоритет ќе биде засилување на левата бековска позиција.
Најголема желба на Аморим за таа позиција е левиот бек на Борнмут, Милош Керкез, кој е голема желба и на Ливерпул.
Челзи и Ливерпул од поодамна покажуваат интерез за Керкез, па се очекува голема битка за неговиот потпис, а Борнмут порача дека нема да го пушти за помалку од 50 милиони фунти.