Во Денвер ништо не функционира и сега одлучија сѐ да стават на грбот на Никола Јокиќ. Очекуваат од трикратниот МВП да донесе одлуки кои ги надминуваат неговите одговорности во екипата.
Денвер оваа сезона има само 12-10 и ништо не функционира како што треба. Сепак, една работа имаат која никој друг во светот ја нема, а тоа е најдобриот кошаркар Никола Јокиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За да не ги уништат неговите најдобри години мораат да повлечат клучни потези. Сите очи се вперени во Калвин Бат, генералниот менаџер, кој се најде под сериозен удар затоа што Мајкл Мелоун, тренерот на Денвер, неколку пати одлучи јавно да го нападне.
Во мини паузата во НБА лигата поради натпревари од Купот, Мелоун одлучи сѐ да стави на грбот на Јокиќ како човек кој може да направи промени.
„Кога ја донесов таа одлука, знаев дека ќе ни помогне. Јокиќ е наш најдобар играч и во секоја одлука што ја носиме ќе го вклучиме и него. Секоја одлука што се однесува на нашата иднина ќе биде насочена токму кон Јокиќ…“, рече Мелоун за одлуката што ја промени историјата на Денвер.
Проблемот на Денвер е тоа што со Јокиќ се најдобар напад, а без него се најслаби во лигата. Србинот исто така оваа сезона игра три минути просечно повеќе од следната сезона со најмногу време поминато на теренот.