Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат шпанските медиуми.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па Реал сака да си ја поправи грешката.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Анчелоти е во потрага по квалитетен лев бек и прва желба е Алфонсо Дејвис, но бидејќи тој има многу проблеми со повредите сега „кралевите“ ќе се насочат кон Тео Хернандес.
Милан пред неколку сезони го купи за 20 милиони евра, а Реал сега е спремен да понуди 60 милиони евра.