Дома Фудбал „Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Звонимир Бобан не добил покана за натпреварот што е закажан за 15 декември.

„Чувствував, чувствувам и секогаш ќе чувствувам огромна љубов кон овој клуб, кој, за жал, не ме поканија за прославата на 125-годишнината од постоењето. Нема врска. Тажен сум за тоа, но го зборувам ова без горчина. Ќе ја прославам 125-годишнината на клубот горд, бидејќи сум дел од неговата историја“, изјави Бобан за „Скај спорт“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бобан од Динамо премина во Милан во 1991 година и 10 сезони беше дел од „росонерите“.

Со италијанскиот гигант освои Лига на шампиони, четири пати ја освои Серија А и три пати беше победник на Купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го направил тоа што го направи Ливерпул во првите четири кола во ПЛ

Ливерпул го продолжи победничкиот тек во четвртото коло од англиската Премиер лига, извоју…