Реал Мадрид со 3-2 го доби дербито со Аталанта во Бергамо, Интер поразен во Леверкузен, фаворитите лесно.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во десеттата минута Брахим Дијаз го проигра Мбапе на врвот на шеснаесетник кој ја затресе мрежата на Аталанта.
На крајот на првото полувреме Де Кетеларе погоди од пенал за израмнување.
По десетина минути игра во вториот дел Винисиус даде гол и го врати водството на Реал Мадрид, а Белингем во 59. минута зголеми и на 3-1. Шест минути подоцна Лукман намали на 2-3, но Аталанта немаше сила и да избегне пораз.
Баер Леверкузен со гол на Мукиеле во 90. минута го победи Интер со 1-0.
ПСЖ и Баерн беа сигурни против Салцбург и Шахтјор, а важни победи остварија Астон Вила, Брест и Клуб Бриж.