Дома Фудбал Англија Ситуацијата со копачките на Кукуреља стана голем проблем за „Пума“ – компанијата ја доби најлошата можна реклама!

Ситуацијата со копачките на Кукуреља стана голем проблем за „Пума“ – компанијата ја доби најлошата можна реклама!

Викендов во Премиер лигата во центарот на вниманието се најде фудбалерот на Челзи, Марк Кукуреља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот беше виновник за двата гола кои ги прими неговиот тим против Тотенхем во почетните минути. Кукуреља двапати се лизна, а противничките фудбалери тоа го искористија да постигнат два гола. На крајот Челзи сепак го доби натпреварот со 3:2.

На Островот сега се пишува дека копачките кои ги носел Кукуреља во овој натпревар воопшто не биле претставени на јавноста и тоа требало да се случи за Божиќ.

Цената по која „Пума“ сакала да ги продава е 220 фунти, меѓутоа по таквата сцена со Кукуреља кој по средбата објави и фотографија како ги фрлил копачките во канта прашање е каков успех ќе имаат на пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…