Дома Фудбал Проблем за Милан: Пулишиќ се повреди, познато и колку ќе паузира

Проблем за Милан: Пулишиќ се повреди, познато и колку ќе паузира

Милан ќе биде без Кристијан Пулишиќ (26) најмалку една седмица, откако американскиот репрезентативец го повреди листот, објави италијанскиот прволигаш.

“Испитувањата направени во понеделникот наутро открија повреда на мускулот на десната подколеница, нови прегледи ќе се направат за една седмица”, се вели во соопштението на Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пулишиќ, кој постигна осум голови и запиша пет асистенции во сите натпреварувања оваа сезона, се повреди во поразот на неговиот тим (1:2) од Аталанта во петокот.

Мора да паузира барем следните два натпревари, што значи дека ќе ги пропушти средбите против Црвена звезда во среда во Лигата на шампионите и против Џенова во Серија А во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Славниот англиски клуб е пред згаснување – последната надеж им е поранешен покер играч!

Поранешниот професионален играч на покер Џејмс Борд е главниот кандидат за преземање на ан…