Дома Фудбал Тијаго Силва го помина целиот терен на колена и го исполни ветувањето кон навивачите (ВИДЕО)

Тијаго Силва го помина целиот терен на колена и го исполни ветувањето кон навивачите (ВИДЕО)

Флуминенсе, еден од најпознатите бразилски клубови, минатата ноќ едвај обезбеди опстанок во Серија А победувајќи го Палмеирас со резултат 1:0 во последното коло на првенството.

Клубот заврши над зоната за испаѓање со четири бода повеќе од најзагрозениот тим, избегнувајќи деградација во понизок ранг на натпреварување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По натпреварот, вниманието на сите го привлече необичната сцена на стадионот Алијанц Парк во Сао Паоло. Легендарниот стопер Тијаго Силва, кој е на крајот на својата богата кариера, го помина целиот терен на колена, а на крајот со главата ја допре тревата, совладан од емоции.

Овој гест не беше случаен, туку исполнување на ветувањето што им го даде на навивачите – дека ќе го направи тоа ако Флуминенсе го обезбеди опстанокот.

Силва, кој се прослави со настапите за ПСЖ и Челзи, не можеше да го скрие разочарувањето што ваков голем клуб се најде во борба за гол опстанок.

Неговиот емотивен чин предизвика аплаузи и овации од навивачите, кои покажаа колку го ценат и почитуваат.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи и Манчестер Јунајтед се многу блиску до договор за Гарначо

Челзи и Манчестер Јунајтед продолжуваат со многу активни преговори за трансферот на Алехан…