Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах, според британските медиуми, треба да потпише нов договор со клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако постои страв дека Салах би можел да го напушти клубот од „Енфилд“ ова лето како слободен агент, изгледа дека е постигнат договор помеѓу него и Ливерпул.
Пред неколку дена се појавија информации од Египет за неговото останување во Ливерпул, а сега и „Мирор“ пишува дека договорот е постигнат. Имено, најдобриот играч на тимот оваа сезона треба да потпише нов, двегодишен договор со клубот. Предлогот на Салах и неговиот агент Рами Абас беше за тригодишна соработка, но раководството на Ливерпул се стремеше кон договор за една година.
На крајот, се договориле за средина и договорот ќе биде потпишан до 2027 година, иако не е познато дали ќе добие покачување повеќе од 400.000 фунти неделно, колку што заработува според актуелниот договор.
Салах е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул, според многумина. Досега има постигнато 226 голови на 370 натпревари. Оваа сезона е блескав со 15 голови и 12 асистенции.