Манчестер Сити забележа уште еден негативен резултат во 15-тото коло на Премиер лигата. На гостувањето кај Кристал Палас одигра 2:2. Тимот на Пеп Гвардиола во минатото коло со победа над Нотингем ја прекина серијата од четири премиерлигашки порази, но сега повторно пропушти шанса за победа.
Даниел Муњос погоди во четвртата минута за водство на домаќините, а Ерлинг Халанд изедначи во 30-тата минута. Максанс Лакроа повторно го доведе тимот од Лондон во водство во 56-тата минута, а бод за Сити обезбеди Рико Луис во 68-мата минута. Споменатиот Луис во 84-та минута беше исклучен поради вториот жолт картон, а прашањето за тој инцидент му беше поставено на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Тој повторно даде одговор на својот начин.
Бизарен разговор
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пеп: Тоа е затоа што тоа е Рико.
Новинар: Извинете?
Пеп: Тоа е Рико.
Новинар: Извинете, не ве разбрав.
Пеп: Тоа е затоа што тоа е Рико.
Новинар: Мислите ли дека Рико Луис доби жолт картона затоа што е тој?
Пеп: Тоа е жолт картон?
Новинар: Не, ве прашувам; мислите ли дека тоа беше за жолт картон?
Пеп: Тоа е Рико Луис.
Луис е 20-годишен десен бек кој може да игра и во средниот ред. Тој е производ на школата на Сити, а оваа сезона има 22 настапи, еден гол и четири асистенции за Сити. Првиот жолт картон го доби во 70-тата минута, а вториот 14 минути подоцна.