Италијанскиот гигант Милан одличи повторно да му даде доверба на тренерот Монтела и покрај ремито со Џенова на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ повторно не успеаа да победат (0:0), а клучен беше моментот кога Бонучи во 25-та минута доби директен црвен картон, откако судијата искористи ВАР технологија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Монтела тврди дека такви дуели имало по неколку на секој натпревар и дека ако одлучува ВАР тогаш требало да биде досуден и пенал за Милан.
„Во овие натпревари во игра е целата моја кариера како тренер и не е добро таа да биде одлучена според ВАР. Такви дуели има на сите натпревари и никогаш не се доделува црвен картон, но кога веќе живееме во телевизиски свет истиот тој ВАР мораше да досуди и пенал над Бонавентура“, изјави Монтела видно нервозен после натпреварот.
„Ми се допадна начинот на кој игравме, дури и со играч помалку заслуживме да победиме. Момците дадоа се од себе, за жал моментот е таков и недостасуваат само резултати. Не се жалам за црвениот картон, на ако на истиот начин судијата досудеше и пенал, сега ќе зборувавме на друг начин“, заклучи тренерот на „росонерите“.