Холандскиот репрезентативец Чави Симонс е голема желба на Арне Слот!
Денес ексклузивна информација објави доверливиот Дејвид Орнштајн кој тврди дека најреалната дестинација за Симонс е Ливерпул, доколку ПСЖ одлучи да го продаде, што е многу веројатно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чави Симонс никогаш не доби вистинска шанса во Париз, па дури и кога дојде Луис Енрике, поради што инсистираше на продолжување на позајмицата во Лајпциг.
Сепак, сега сака нов предизвик, да игра на најголемата сцена, бидејќи оваа сезона покажа дека Лајпциг не е дел од неа.
Германскиот клуб не победи на четири врзани натпревари во Бундеслигата, нема ниту еден освоен бод во Лигата на шампионите, па е јасно дека таква средина не е веќе за Симонс.
Орнштајн тврди дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата и ќе сака да го откупи од Париз Сен Жермен следното лето.
Чави Симонс може да игра на неколку позиции во средниот ред и нападот, многу е разновиден и неговите најдобри години допрва доаѓаат.
Тој има само 21 година, но веќе неколку сезони е на големата сцена, така што поседува големо искуство и карактер за да облече дресот на Ливерпул.
„Трансфермаркт“ го проценува Симонс на 80 милиони евра и тешко дека ПСЖ ќе се согласи да го продаде за пониска цена.