Дома Фудбал Проблеми во Барселона – Суарез одби да се ракува со тренерот!

Проблеми во Барселона – Суарез одби да се ракува со тренерот!

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез одби да се поздрави со тренерот Валверде после синоќешниот триумф над Малага на „Камп Ноу“.

Суарез синоќа прописно се изнапромашува против Малага, па Валверде се одлучи да го извади од игра во 83-та минута, а на негово место да го стави Пако Алкасер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На Суарез тоа не му се допадна, па разочарано помина покрај тренерот без да се поздрави и замина на клупата.

Сепак, Валверде не сака да крева тензија и тврди дека играчи како Суарез се секогаш разочарани кога излегуваат од игра.

„Суарез е амбициозен и нормално дека не сака да биде изваден од игра“, изјави Валверде.
Суарез оваа сезона игра под своите можности и очекувања, па има постигнато само три гола во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова не се гледа секој ден: Лионел Меси се посрамоти за сите времиња (Видео)

Лионел Меси се најде во центарот на вниманието по неуспешниот обид за паненка на натпревар…