Дома Фудбал Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нистерлој е нов тренер на Лестер.

Лестер го отпушти Стив Купер по поразот од Челзи. Тој остана во клубот само неколку месеци, преземајќи ги „лисиците“ летово по заминувањето на Енцо Мареска.

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча ги водеше „црвените ѓаволи“ пред доаѓањето на Аморим.

Ван Нистерлој доби понуда и од Хамбургер, но негов приоритет беше останување во Премиер лигата и се договори со „лисиците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нето даде гол, па поцрвене: Португалија со десетмина ја одбрани победата во Кардиф

Португалија го совлада Велс со 3-2 во меч со два пресврта, а последните 16 минути ги одигр…