Иако не добива преголема минутажа, Арда Гулера има светла иднина во Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.
Фабрицио Романо објави дека Реал Мадрид добил две понуди за Ѓулер, но дека и двете ги одбил со јасна порака дека Турчинот по никоја цена нема да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓулер пристигна во Реал Мадрид како влог за иднината, летото 2023 година за 20 милиони евра. Сепак, сезонава не игра премногу, настапи на само 13 натпревари, но најмногу од клупата, бидејќи на теренот мина само 382 минути.
Но, Ѓулер има 19 години и голем простор з анапредок, па така Реал не сака прерано да се откаже од него. Претходно со името на Ѓулер се поврзуваше Арсенал кој на сличен начин во минатото го доведе Одегард и тоа се покажа како добар потег на лондонскиот клуб.