Дома Фудбал Останато Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа земја.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причината за такво нешто е што по стартот на воениот конфликт меѓу Украина и Русија остана на својата работна позиција во стручниот штаб на Зенит.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го стави Тимошчук на „списокот на предавници“. Тој стана еден од 34-те украински спортисти на кои им беа одземени сите државни награди и титули.

Но, за разлика од повеќето кои не реагираа на овој потег на државниот врв, Тимошчук поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. 

По одработувањето на случајот, од Судот потврдија дека жалбата е легитимна. Поништена е одлуката на Украинскиот фудбалски сојуз и претседателот, па сите титули му се вратени во резимето на Тимошчук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Утрово е донесена одлука дали Мурињо ќе го преземе Реал Мадрид

Веќе долго се зборува дека Жозе Мурињо од следната сезона повторно ќе биде тренер на клупа…