Дома Фудбал Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси.

Маскерано е нов тренер на Интер Мајами, а американскиот клуб веќе подготвува документи за долгорочен договор со Аргентинецот, објави новинарот Сезар Луис Мерло.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За да работи со Меси, Маскерано ќе ја напушти функцијата селектор на аргентинската репрезентација до 20 години.

Претходниот тренер Херардо Мартино ја напушти функцијата тренер на Интер Мајами, наводно од лични причини. Клубот по рекордниот број бодови во регуларниот дел од сезоната на МЛС лигата и квалификациите за Светското клупско првенство кое ќе биде отворено следното лето, сензационално го загуби првиот натпревар од плеј-офот против Атланта (3:2).

Маскерано и Меси играа заедно за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Во Интер Мајами играат и други поранешни играчи на Барса – Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ули Хенес: Денес би дал и 150 милиони за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен Ули Хенес како обично даде интересни изјави, овој па…