КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за која францускиот напаѓач и неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен се борат во судски спор. Според последните информации, Мбапе е на чекор од добивање на бараната сума.
Мбапе во летниот преоден рок пристигна во Реал Мадрид како слободен играч. ПСЖ, за кого Мбапе постигна 256 гола и забележа 108 асистенции на 308 натпревари, немаше никаква заработка. Токму ова е темата на спорот. Парискиот клуб тврди дека на Мбапе му било кажано дека нема да замине, а ПСЖ нема да има корист од тоа и дека дел од договорената плата ќе остави во клупската каса. Од страната на Мбапе тврдат дека немало таков вербален договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно се пишуваше дека Мбапе не ја добил платата за април, мај и јуни и дел од бонусот од 80 милиони евра, ветени за потпишување на продолжување на договорот и дека бара 55 милиони евра.
Адвокатскиот тим на Мбапе за ова одамна ги известил УЕФА, Француската фудбалска федерација и раководството на лигата. Пред Комисијата на Француската професионална фудбалска лига (LFP) минатиот месец, Мбапе презентираше докази кои беа прифатени.
Француската фудбалска федерација и ЛФП одредиле ПСЖ да мора да му ги исплати на Мбапе неговите побарувања, а ПСЖ не го стори тоа до одреден рок. Тој имаше десет дена да поднесе жалба на одлуката до Федерацијата. Се жалеше на единаесеттиот ден по донесувањето на одлуката, а Федерацијата автоматски ја одби жалбата.