Дома Фудбал Англија Сити спреми 100-милионски план за Халанд

Сити спреми 100-милионски план за Халанд

Останувањето на Пеп Гвардиола барем уште една година на „Етихад“ му дава надеж на Манчестер Сити дека клубот ќе успее да го искористи овој адут и да го продолжи договорот на својата голема ѕвезда Ерлинг Холанд.

Медиумите на Островот вчера објавија дека Шпанецот се согласил повторно да потпише договор на една сезона со опција за дополнителни 12 месеци, што значи дека би можел да остане на „Етихад“ до летото 2027 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Халанд има уше две и пол години договор со „граѓаните“, но и откупна клаузула од 175 милиони евра. Клубот му нуди нов 4-годишен договор со многу повисока откупна клаузула.

Ако напаѓачот се согласи, тоа ќе значи дека ќе заработи нето 100 милиони фунти во тој период, без бонуси.

Халанд неколку пати даде до знаење дека за него е многу важно останувањето на Гвардиола и од тоа ќе зависи новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…