Дома Топ вести Левандовски призна: Прифатив трансфер во Манчестер јунајтед!

Левандовски призна: Прифатив трансфер во Манчестер јунајтед!

Роберт Левандовски и понатаму е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а сега призна дека во 2012 година бил блиску да се пресели во Манчестер јунајтед.

Полскиот голгетер во тој период го носеше дресот на Борусија Дормтмунд кога „црвените ѓаволи“ „тропнале на вратата“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Левандовски го прифатил трансферот на „Олд Трафорд“, но од Борусија не му дозволиле да замине.
„Разговарав со претседателот на Борусија. Ми кажа дека сум важен дел од тимот и дека ќе имаат проблем ако заминам“, се потсети Левандовски.

Подоцна со Борусија Левандовски играше и финале во Лигата на шампионите, сепак жали што не соработувал со Сер Алекс Фергусон.

„Прифатив трансфер, му кажав „да“ на Сер Алекс, Јунајтед тогаш беше во врвот. Жалам што не соработував со славниот Сер Алекс“, призна Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…