Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс заработи нова повреда и ќе го пропушти гостувањето кај Лестер.
Оваа вест денеска ја потврди менаџерот на „сините“ Енцо Мареска.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„За жал, Рис Џејмс почувствува нешто во мускулите и не сакаме да ризикуваме. Тој нема да игра против Лестер“, изјави Мареска.
Да потсетиме, Џејмс поради низа повреди ја пропушти речиси цела 2024 година, а откако се врати одигра само четири натпревари и на теренот помина вкупно 241 минута.
Во текот на изминатите неколку години имаше голем број повреди, главно проблеми со мускулите и се чини дека се уште не ги санирал. Засега не е познато кога Џејмс ќе се врати на теренот.