Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба е ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш.
Голем интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти, а најсериозен е интересот на Манчестер Сити.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
После повредата на Родри, Сити има приоритет да доведе негова замена, а најголемата желба на Гвардиола е токму Бруно Гимараеш.
27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината, а Гвардиола верува дека ќе биде идеален за неговот стил на игра.
„Зборував со Пеп и тој ми кажа дека му се допаѓа мојот начин на игра. Тоа што Сити ме сака е потврда за моите квалитети“, изјави Гимараеш.