Дома Македонски спорт Валенсија го чува на клупа, а во цела Лига на Нации нема голман како Димитриевски!

Валенсија го чува на клупа, а во цела Лига на Нации нема голман како Димитриевски!

По завршувањето на групната фаза од Лигата на Нации се сумираат статистиките, а во еден сегмент се издвојува македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Димитриевски е единствениот голман кој не примил гол на пет натпревари во Лигата на Нации сезонава. Исто така тој е и единствен со асистенција.

Треба да се напомене и дека Димитриевски нема примено гол од активна игра во сите шест натпревари. Единствено беше совладан од пенал против Фарски Острови и од тој натпревар поминаа 531 минута без да ја извади топката од мрежата.

Еден гол има примено и Молдавија, но оваа репрезентација беше во група со три селекции, па така одиграа само четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…