Фудбалерот на Астон Вила, Морган Роџерс денеска го продолжи договорот на уште шест години, до летото 2030 година, соопштија од клубот од Бирмингем.
Роџерс во јануари од Мидлсброу се пресели во Астон Вила за осум милиони фунти и оттогаш е еден од најважните фудбалери во тимот од Бирмингем.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тој помогна на тимот да се квалификува во Лигата на шампионите, која ја започна со три последователни победи. Минатата недела првпат беше повикан во репрезентацијата на Англија и играше против Грција и Ирска во Лигата на нации.
Сезонава за Астон Вила постигна три гола и имаше три асистенции.