Eкипата на Барселона со години се бори со финансиската состојба во клубот поради што има проблеми со доведувањето на фудбалери.
Дури и кога би реализирале голем трансфер потоа имаат проблеми со регистрацијата. Сепак, добра вест за Барселона е новиот голем договор со „Најк“ кој е со важност до 2038 година и тој на клубот ќе му донесе вртоглави 1.7 милијарди евра.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека благодарение на таа инјекцција на лето Барселона ќе реализира голем трансфер. Клубот е во потрага по крило. На десната страна е Ламин Јамал, но потребно е засилување на левата.
Во изборот на клубот од Каталонија се Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Рафаел Леао од Милан. Вилијамс веќе беше голема желба и се обидуваа да го доведат изминатото лето откако воодушеви на Европското првенство, сепак во тој момент одлучи дека е најдобро да остане во Атлетик.