Дома Фудбал Останато Некогаш беше голема надеж на Барселона и ѕвезда во Мексико, а денес води успешен бизнис со нафта

Некогаш беше голема надеж на Барселона и ѕвезда во Мексико, а денес води успешен бизнис со нафта

Џовани дос Сантос (35) важеше за голем талент во младинскиот тим на Барселона, клубот за кој потпиша на 12 години и каде што дебитираше на 17 години со голот против Архус.

По една сезона во Барселона, во која го споредуваа со Роналдињо и го нарекуваа „новиот Меси“, неговата кариера го однесе во Тотенхем, Ипсвич Таун, Расинг Сантандер, Мајорка, Виљареал и Лос Анџелес Галакси во Америка.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Дос Сантос има мексиканско, бразилско и шпанско државјанство, а собра и 106 натпревари за репрезентацијата на Мексико со која освои златен медал на Олимписките игри во 2012 година.

Фудбалската кариера ја заврши пред три години и денес е успешен во светот на бизнисот.

„Claro Sports“ објави дека Дос Сантос станал партнер во компанијата Procura Mexico, поврзана со петрохемиската компанија „Petroleos Mexicanos“ (PEMEX).

„Информациите покажуваат дека новаиот бизнис му носи заработка помеѓу 400.000 и 500.000 долари годишно“, објави Абрахам Бенсид од „Фокс Спорт“.

Во Мексико тврдат дека Дос Сантос води и бизнис со купување и продавање на луксузни автомобили во оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн немаше избор: Мусиала го доби тоа што го посакуваше

Баерн и Џамал ​​Мусијала најдоа заеднички јазик, па се очекува најдоцна до крајот на годин…