Дома Фудбал Кејн лут на колегите од репрезентацијата откако деветмина од нив го откажаа настапот: „Оваа селекција мора да биде на прво место!“

Кејн лут на колегите од репрезентацијата откако деветмина од нив го откажаа настапот: „Оваа селекција мора да биде на прво место!“

Англиската фудбалска репрезентација во завршниот дел од групната фаза од Лигата на нации влегува без девет клучни играчи, кои инаку би биле на списокот на привремениот селектор Ли Карсли.

Меѓу играчите кои ги откажаа настапите се Трент Александер-Арнолд, Кол Палмер, Фил Фоден, Џек Грилиш, Букајо Сака, Деклан Рајс, Арон Рамсдејл, Леви Колвил и Џарад Брантвејт.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Капитенот Хари Кејн го изрази своето незадоволство поради тие отсуства, нагласувајќи ја важноста на националниот тим.

„Англија мора да биде на прво место, поважна од клубовите. Репрезентацијата треба да биде најважна работа за сите играчи“, изјави Кејн.

Тој додаде дека селекторот Саутгејт често им ја објаснувал оваа идеја на играчите, особено кога некои се дистанцирале од приоритетот да играат за репрезентацијата.

„Некои го искористија тешкиот период од сезоната, што не ми се допаѓа, искрено“, рече тој, пренесе Би-би-си.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …