На 19 години фудбалерот на Реал Мадрид е принуден да ја заврши професионалната кариера.
Марк Кукалон ја завршува професионалната фудбалска кариера на 19 години поради чести повреди. Младиот играч за врска пристигна во Реал во 2017 година од Сарагоса, а потоа помина низ фудбалската школа на Реал.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Играше за кадети и јуниори, а минатата сезона беше на позајмица во нисколигашот Лас Розас, но не играше поради проблеми со повреди.
Пред две години ги скина вкрстените лигаменти на коленото, а по операцијата во неговиот зглоб имаше бактерија која предизвика инфекција. На крајот сфати дека не може да се врати на професионалното ниво на играње фудбал.