Португалскиот тренер Рубен Аморим (39) го презеде Манчестер Јунајтед. Има 13 дена да го подготви тимот за првенствениот натпревар со Ипсвич кој се игра по репрезентативната пауза.
Доаѓањето на Аморим значи и заминување на Руд ван Нистелрој, легендарниот холандски напаѓач кој го презеде Манчестер Јунајтед по заминувањето на Ерик тен Хаг.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Ван Нистелрој успешно го водеше Јунајтед во последните четири натпревари. Имаше три победи и само едно реми, далеку подобар учинок од неговиот претходник.
Неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд изјави дека Аморим морал да го отстрани Ван Нистелрој бидејќи Холанѓанецот има статус на легенда меѓу навивачите.
„Ако имате таков човек на клупата за асистент и работите не одат добро, знаете дека навивачите ќе почнат да бараат Ван Нистелрој да стане главен тренер. Навивачите го сакаа, го сакаат уште повеќе сега. “ објасни Фердинанд во својот подкаст.