Искусниот 33-годишен голгетер и некогашен репрезентативец на Франција, Висам Бен Једер, во судот во Ница е осуден на две години условна затворска казна поради сексуално злоставување.
Судењето во Ница траеше со недели, Бен Једер беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението пред Кривичниот суд на Франција, а за сличен случај беше пријавен и летото минатата година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бен Једер беше обвинет и осуден за возење во алкохолизирана состојба, одбивање да соработува со полицијата и сексуален напад.
Францускиот фудбалер ги призна сообраќајните прекршоци, но тврдеше дека не се сеќава на ништо поврзано со сексуалниот напад, за кој е обвинет.
Бен Једер и се извини на 23-годишната девојка над која извршил полов чин во алкохолизирана состојба, а истата прифатила да добие отштета од 5 илјади евра, како и дополнителни 1.500 евра за судски трошоци.