Искусниот Марко Џампаоло се врати во Серија А и тоа на клупата на Лече каде што викендов отказ доби Лука Готи.
Екипата на Лече мина низ турбулентен период и во овој момент се наоѓа на 17. место на табелата и ваквото сценарио беше очекувано.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Џампаоло со Лече потпиша договор до 30 јуни оваа години и ако успее да избори опстанок автоматски ќе му биде продолжена соработката.
Во својата кариера Џампаоло водеше екипи како Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе, Емполи, Сампдорија и Милан. Сепак, на клупата на „росонерите“ помина само седум натпревари и експресно доби отказ.