Дома Фудбал Де Ла Фуенте не повика ниту еден фудбалер на Реал Мадрид во репрезентацијата на Шпанија

Де Ла Фуенте не повика ниту еден фудбалер на Реал Мадрид во репрезентацијата на Шпанија

Шпанскиот селектор Луис Де Ла Фуенте го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари во Лигата на Нации, а посебно внимание привлекува што на него нема ниту еден фудбалер на Реал Мадрид.

Ниту еден фудбалер на актуелниот европски шампион не се најде на неговиот список.

Сепак, тоа не е толку големо изненадување ако се знае дека Дани Карвахал е повреден, а Реал Мадрид има уште четворица шпански фудбалери: Лукас Васкез, Дани Олмо, Фран Гарсија и Хесус Ваљехо.

Најблиску до репрезентацијата од споменатите четворица веројатно е Лукас Васкез, меѓутоа Де Ла Фуенте смета дека ниту тој во овој момент не е доволно добар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…