Aстон Вила играше одлично од почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, но перфектниот скор го расипа на гости кај Клуб Бриж.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Премиерлигашот влезе како фаворит во натпреварот, но белгискиот претставник славеше минимален триумф од 1:0. Натпреварот беше одлучен по големата грешка на Мингс во својот шесанесетиник кога ја фати топката со раце откако голманот Мартинез го изведе гол-аутот.
„Грешката е многу члудно, таа е најголемата што сум ја видел во кариерата. Никогаш не ми се случило вакво нешто, ова е првпат“, изјави Емери.
Астон Вила по вчерашниот пораз од делба на првото место падна на осмата позиција со девет бода, толку имаат и Барселона и Борусија Дортмунд.
Кога е пеналот во прашање на социјалните мрежи посочуваат и споредба во натпревар на Арсенал кога Габриел реагира на ист начин, но тогаш судијата не покажува на белата точка.
Mings handles the ball after the goalkeeper has resumed play = Penalty.
— Tom (@TomLevins1) November 6, 2024
Gabriel handles the ball after the goalkeeper has resumed play = No Penalty.
Where's the consistency? pic.twitter.com/FpMVpcKCmt