Дома Фудбал Сакаше да докаже дека е подобар од Јамал, а на теренот беше еден од најслабите во Звезда 📸

Сакаше да докаже дека е подобар од Јамал, а на теренот беше еден од најслабите во Звезда 📸

Талентираниот фудбалер на Црвена Звезда, Андрија Максимовиќ пред натпреварот на „црвено-белите“ против Барселона самоуверено порача дека во натпреварот ќе докаже дека е подобар од Ламин Јамал, но на теренот ситуацијата беше далеку од неговите желби.

Имено, Максимовиќ со оценка 5.9 беше помеѓу најслабо оценетите фудбалери на белградскиот тим. Полоши оценки од Максимовиќ имаа само голманот Илиќ со 5.8 и дефанзивецот Дјига 5.7.

На теренот Максимовиќ скоро и ништо да не покажа и ќе чека некоја друга прилика за да се докажува на големата сцена.

„Се сретнавме на Европското првенство. Одличен фудбалер, тука е и Кубрси. Тие се моја генерација, утре ќе излезам и ќе покажам дека сум подобар од него (Јамал)“, гласеше изјавата на Максимовиќ пред натпреварот која предизика реакции во јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос откри зошто сакал да си оди од ПСЖ: Во Милан конечно имам простор

Португалскиот напаѓач побарал заминување уште во јануари, но ПСЖ го задржал до летото. Во …