Дома Фудбал Треба да се биде голем и во поразот: Само еден фудбалер на Реал им се извини на навивачите по натпреварот со Милан🎥

Треба да се биде голем и во поразот: Само еден фудбалер на Реал им се извини на навивачите по натпреварот со Милан🎥

Реал Мадрид вчера го претрпе и вториот пораз во низа на домашен терен откако во Лигата на шампионите, Милан славеше над „кралевите“ во Мадрид со 1:3. Претходно избраниците на Анчелоти беа поразени од Барселона, додека гостувањето во Валенсија кое требаше да биде помеѓу овие два натпревари се одложи поради големите поплави.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Атмосферата во Мадрид не е најдобра, а на „Сантијаго Бернабеу“ вчера можеа да се слушнат и свирежи кон фудбалерите.

На крајот само еден од сите фудбалери на шпанскиот гигант остана до крај да ги испочитува навивачите. Антонио Рудигер остана сам на теренот и им се извини на фановите за бледото издание.

Кратко со него беше и Хесус Ваљехо кој брзо си замина, останатите уште претходно беа во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид и Ридигер ги договорија условите за иднината на дефанзивецот

Антонио Ридигер, на кого договорот му истекува, ја прифатил понудата на Реал Мадрид за обн…