Лионел Меси ја напушти Барселона во 2021 година поради незадоволството од работите што се случуваа во клубот.
Меси, сепак, наскоро ќе се врати во Каталонија откако ја прифати поканата од управата на Барселона за настап на крајот на месецот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинецот ќе биде гостин на прославата на 125-от роденден на Барселона, а оваа вест ги воодушеви навивачите на каталонскиот гигант кои повторно ќе бидат во можност да го гледаат својот миленик.
Меси е вистинска легенда на Барселона и фудбалер кој ги собори сите рекроди во каталонскиот гигант.