Мехди Бенатиа ова лето од Баерн Минхен се пресели во Јувентус, но откри дека бил на само чекор од трансфер во Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бенатиа пред утрешното дерби меѓу Милан и Јуве откри дека разговарал со Монтела и дека бил спремен да го облече „црвено-црниот“ дрес, но трансферот не можел да се реализира поради купопродажата на клубот и на крајот завршу во Торино.
„Монтела ми се јави неколку пати ова лето. Сакаше да ме донесе во Милан, но требаше да ги чека новите сопственици и жалам што немаше доволно време да се реализира трансферот. Потоа ми се јави Јувентус и одлучив да ја прифатам нивната понуда“, истакна Бенатиа.
„Монтела е одличен тренер и многу добар човек. Малдини е мојот идол уште од дете и затоа веднаш ја прифатив понудата на Милан. Но, трансферот не се реализира и сега сум среќен во Јуве. Утре ќе победиме ние 2:0“, додаде Бенатиа.