Фудбалерот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри ја освои Златната топка што ја доделува францускиот фудбалски весник Франс Фудбал.
Шпанскиот играч за врска доби најмногу гласови во конкуренција во која, меѓу другите, беа и Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Лаутаро Мартинез, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крилниот напаѓач на Реал Винисиус се огласи откако Родри ја освои наградата.
“Ќе го направам ова уште десет пати. Тие не се подготвени”, напиша тој на социјалните мрежи.
Винисиус беше одличен минатата сезона, со Реал Мадрид го освои шампионатот и Лигата на шампионите. Тој заврши на второто место во гласањето за Златната топка.
Eu farei 10x se for preciso. Eles não estão preparados.
— Vini Jr. (@vinijr) October 28, 2024