Дома Фудбал Италија Атомско дерби со осум гола и без победник во Милано🎥

Атомско дерби со осум гола и без победник во Милано🎥

Интер и Јувентус одиграа спектакуларно дерби за кое долго ќе се зборува, видовме дури 8 гола, а бодовите ги поделија двете екипи.

Во првото полувреме беа постигнати историски пет гола, тоа никогаш претходно се нема случено на вакво дерби во Серија А. Интер прв дојде во водство преку Зиелински од пенал.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јувентус израмни преку Влаховиќ во 19-та минута, а неколку минути подоцна направи комплетен пресврт. Михитарјан во 35.минута израмни на 2-2, а две минути подоцна Зиелински од пенал повторно обезбеди предност на Интер.

Думфрис на почетокот на вториот дел зголеми на 4:2 и тогаш се чинеше дека Интер ќе ги освои трите бода, Меѓутоа, Јилдиз со два гола за 12 минути израмни на 4:4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Убави најави: Нов голем спонзор влегува во Вардар!

Црвено-црните од Вардар се подготвуваат за нова, амбициозна сезона во која ќе атакуваат на…