Италијанскиот стручњак Роберто Манчини вчера доби отказ од клупата на Саудиска Арабија која ја водеше последните 14 месеци каде што потпиша договор кој го направи најплатен тренер во светот.
Манчини со Саудијците потпиша четиригодишен договор вреден 92 милиони евра, а според последните информации и понатаму ќе добива плата од саудијците.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, британските медиуми најавуваат дека Манчини во наредните три години ќе ја добива редовната плата за преостанатиот дел од договорот.
Така Манчини во следните неполни три години ќе заработи уште 72 милиони евра и тоа без ништо да прави. Месечно Италијанецот ќе добива по околу два милиони евра.
Манчини ги остави Саудијците на третото место во нивната квалификациска група во квалификациите за СП, со мали шанси за директен пласман на Мундијалот и за своето место веројатно ќе треба да се борат преку плеј-офот.