Дома Фудбал Фудбалерите скокнаа на ФИФА ранг листата

Фудбалерите скокнаа на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија во октомврискиот циклус во кој игравме натпревари од Лигата на Нации забележа скок од три позиции и сега се наоѓа на 69. место.

Скокот на Македонија доаѓа по победите над Ерменија и Летонија на гостински терен во кои и не примивме гол.

Во ноември избраниците на Милевски ги очекуваат нови два натпревари, но сега на домашен терен во кои ќе играме против Летонија и Фарски Острови.

На врвот нема промени, па така Аргентина се уште е лидер по што следуваат: Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Португалија, Холандија, Италија и Колумбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Европски двоен предизвик: Работнички во Грција, Јанта домаќин во Куманово

Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ денеска го отвораат настапот во женскиот Челинџ куп. Ма…