Атлетико Мадрид како домаќин беше поразен од Лил со реузлтат 1:3, а веројатно клучен момент беше вториот гол на гостите при резултат 1:1.
ВАР собата сигнализираше и судијата покажа на белата точка со што го навлече бесот на сите во Атлетико. На снимката и се гледа дека Коке навистина не игра со рака, туку топката во раката го погодува фудбалерот на Лил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам што судијата виде и зошто досуди пенал. На никој не му е јасно, но ова не беше пенал. За жал моравме порано да го решиме натпреварот“, изјави Облак.
Алварез исто така се сложи со Облак.
„Велат дека било играње со рака, иако на снимката се гледа дека нема такво нешто.
Не молчеше ниту Диего Симеоне.
„Немаше пенал. Секој кој ќе ја види снимакта ќе ја потврди судиската грешка. Мислеа дека Коке играше со рака. Сепак, мораме да прифатиме бидејќи и вакви работи се дел од играта“, заклучи аргентинскиот стратег.
Атлетико по три кола во Лигата на шампините има само три освоени бодови и во наредното коло гостува кај Пари Сен Жермен.