Дома Фудбал Англија Навивачите стравуваа поради заминувањето на Клоп, а Ливерпул сега е и подобар

Навивачите стравуваа поради заминувањето на Клоп, а Ливерпул сега е и подобар

Фудбалерите на Ливерпул се единствен тим покрај Астон Вила со максимален учинок во Лигата на шампионите.

Избраниците на Арне Слот вчера запишаа минимален триумф против Лајпциг, но на теренот беа многу подобар противник и победата е сосема заслужена. Игра одлично Ливерпул и во Премиер лигата каде што по осум кола имаат седум победи и еден пораз со 15 постигнати головии и три примени. Единствениот неуспех го доживеаа против Нотингем.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кога се гледаат сите натпреварувања „црвените имаат“ 11 победи во 12 одиграни натпревари и тоа е најдобар старт во историјата наа Ливерпул. Слот исто така стана првиот менаџер на Ливерпул кој остварил победи во првите шест гостински натпревари.

Навивачите стравуваа по заминувањето на Клоп, но очигледно нема зошто – Ливерпул сега е дури и подобар!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aтлетико има голем план: Ќе потроши 165 милиони евра за двајца Аргентинци!

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид подготвува терен за доведување на нов централен бек, а зн…