Дома Фудбал Лига на шампиони Затоа Лигата на шампионите е интересна: Динамо изгуби 9:2, а сега е пред Баерн!

Затоа Лигата на шампионите е интересна: Динамо изгуби 9:2, а сега е пред Баерн!

Фудбалерите на Динамо Загреб изминатата вечер славеа победа од 0:2 против тимот на Салзбург, а херој беше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој запиша две асистенции.

По овој триумф на Динамо се дојде и до една интересна ситуација на табелата. Имено, Динамо во првото коло од новата сезона во елитното натпреварување беше декласиран со 9:2 од Баерн Минхен, но сега по три кола тие се пред Баерн.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Имено, Баерн во три кола ја има само победата со хрватскиот гигант, додека Динамо освои бод и против Монако, па има четири бода, бод повеќе баварците.

На табелата во Лигата на шампионите сега Динамо е 22-ри, Баерн едно место подоле.

ТАБЕЛА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Лудило“ во Аргентина: Легендарниот Рикелме во главна улога 🎥

Во натпреварот од Купот на Аргентина, на „Бомбоњера“ гостуваше Гимнасија Ла Плата, а Бока …