Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Левандовски мотивиран против „својот“ Баерн

Дерби на денот: Левандовски мотивиран против „својот“ Баерн

Денес продолжува третото коло во Лигата на шампиони, а дербито на верета се игра помеѓу Барселона и Баерн Минхен.

Голем тест за Барселона

Барселона ова лето имаше многу турбуленции, дојде нов тренер Ханзи Флик, а финансиските проблеми во клубот останаа. На крајот Барса го задржа костурот и го доведе Дани Олмо, но сепак впечатокот беше дека заостанува зад Реал Мадрид по квалитет. Меѓутоа, Каталонците изненадуваат и имаат одличен старт во прветството. Флик веднаш успеа да го наметне својот стил на игра и да создаде компактна екипа, иако има многу повредени фудбалери. Во Лигата на шампиони не стартуваа добро со непријатен пораз од Монако, но минатото коло имаа висока победа над Јанг Бојс. Голем проблем е повредата на голманот Тер Штеген за кого сезоната е завршена, а овој натпревар е првиот вистински тест за Левандовски и дружината. Полјакот ќе има специјален мотив бидејќи игра против клубот каде ја доживеа својата афирмација.

Дали Компани е вистински избор за Баерн?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Минатата сезона за Баерн беше катастрофална и сите во клубот сакаат што побрзо да ја заборават. Беа направени многу промени и за нов тренер беше назначен Винсент Компани. Тоа беше изненадувачки избор, па Белгиецот се уште нема покажано дали може да се носи со големиот притисок. Баерн во првото коло го декласираше Динамо Загреб со 9:1, што е најубедливата победа на еден тим досега во Лигата на шампионите.Сепак, во второто коло, германскиот претставник беше поразен на гостувањето кај Астон Вила, па овај меч ќе биде многу важен за Баварците.Во германското првенство играат добро и се на првото место во моментов, но сите во Баерн главниот акцент го ставаат на Лигата на шампиони.

Очекување

Дуел на два европски гиганти кои играат отворен фудбал и сакаат да се надигруваат притоа двете екипи ќе играат на победа, а тоа е предуслов за ефикасен меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фантастично прво полувреме, Барса со два гола предност🎥

Барселона и Баерн играат атмоски фудбал на „Монжуик“ и во првото полувреме видовме четири …