Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ утре за последен пат во историјата ќе играат еден против друг на турнирот „Шесте кралеви“ во Ријад.
Ѓоковиќ и Надал се сретнаа летово и на Олимписките игри во Париз, а ова дефинитивно е нивна последна средба затоа што Шпанецот потврди дека последните мечеви во кариерата ќе ги одигра наредниот месец на Дејвис купто во Малага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во Ријад двајцата тенисери ќе водат битка за третото место откако српскиот ас беше елиминиран од Јаник Синер, а Надал од својот помлад сонародник Карлос Алкараз.
Низ годините досега Ѓоковиќ и Надал одигра 60 официјални мечеви во кои Ѓоковиќ има две победи повеќе (31:29). Како што е најавено иако станува збор за неофицијален турнир и овој резултат ќе биде запишан во нивниот меѓусебен скор.
Meчот помеѓу Ѓоковиќ и Надал се игра од 18:30 часот, додека во 18:00 часот е финалето на турнирот помеѓу Синер и Алкараз.