Дома Фудбал „Новата Лига на шампионите е катастрофа“

„Новата Лига на шампионите е катастрофа“

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта го критикуваше новиот формат на Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лапорта смета дека зголемиот број натпревари се големо оптоварување за фудбалерите и форматот го нарече катастрофа.

„Се најавуваше дека ќе добиеме повеќе пари, а се покажа дека имаме само повеќе натпревари. Престиж е да се освои Лигата на шампионите, но очекувавме да биде поразлично. За мене ова е катастрофа“, изјави Лапорта.

Новинарите го запрашаа и за Суперлигата за која се уште постои можност за формирање.

„Поважено е од било кога во моемнтов и се е подготвено. Треба да се постигне само договор со фудбалските организации. Барселона ќе се обиде да биде еден вид на мост помеѓу Суперлигата и федерациите“, објасни претседателот на каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ги предвиде последните три светски шампиони и сега има свој фаворит!

Кога октоподот Пол во 2010 година точно предвиде дека Германија ќе го освои Светското фудб…